Предности на модуларниот систем VRV и HRV во однос на класичниот систем ON/OFF.
|
|
ШТО НУДИ ОВОЈ МОДУЛАРЕН СИСТЕМ? |
- Чиста еколошка средина – не е никаков загадувач на околината.
- Заштеда на енергија – за добивање на 4.00 kW топлотна енергија, троши максимум 1.00 kW електрична енергија.
- Заштеда при експлоатација – корисникот сам форсира греење/ладење во своите простории.
- Заштеда на простор – не зафаќа потенцијално потребен простор од објектот, ослободениот простор може ефектно (профитабилно) да се искористи.
- Брза исплатливост на вложените средства.
- Релаксирано одржување – нема потреба од стална посада за одржување на системот, освен за промена на филтри. Системот сам сигнализира за секој недостаток.
- Погон на електрична енергија – електричната енергија се користи само за задвижување на механичките елементи од системот. Електричната енергија не е енергенс. Системот не користи никакви фосилно-органски горива, нити вода.
- Потполно безшумна работа, потполно автоматизирана.
Со други зборови, грубо кажано, консументот има фрижидер за длабоко замрзнување прилагоден за амбиентални услови на живеење и делување. НАПОМЕНА Двата система не можат да се споредуваат (релевираат детално), бидејќи имаат сосема различен технолошки пристап кон решавање на бараните потреби за климатизација. Врз основа на проектната документација само производителот на опремата може да даде одобрение за изведба, односно тој врши ревизија на проектот. ДИНАМИКА И РИЗИЦИ НА РЕАЛИЗАЦИЈА Понудениот систем VRV и HRV, апсолутно, без додатен напор, се вклопува во сите динамички планови за изведба на градежниот објект. Не бара никакво дополнително време за негово изведување, а се изведува паралелно со изведбата на ентериерните решенија во објектот. Единствен ризик за запазување на динамичниот план за монтажата на овој систем е да не се уплати на време опремата во Австрија како акредитив. Превземете ја деталната споредбена табела на овој линк. |
|
|